Приказни

Инспиративни луѓе, создаваат инспиративни приказни!   

Патот до идентификување на организациите, градење на партнества како најважен сегмент од меѓусекторската и инвестиција во директна финансиска и про-боно поддршка на овие иницијативи од бизнис секторот е сериозен предизвик. Сепак, она што досега го постигнавме во рамките на Платформата е двигателот за да продолжиме уште поангажирано: 

Досега беа направени охрабрувачки чекори напред: 

  • Беа одликувани 22 предводници на Целите за одржлив развој (ЦОР) со 8 награди и 14 признанија; 
  • Направена е проценка на потребите во оваа област на 35 локални самоуправи од

8 плански региони;

  • Беа организирани 4 работилници за локализација на Целите за одржлив развој; 
  • Беа имплементирани 4 меѓусекторски партнерски проекти посветени на 6 Цели за одржлив развој кои им овозможија на над 200 млади, од кои 32% од семејства со ниски примања, да ја зголемат својата вработливост; 
  • 100 припадници на малцинско маргинализирано население од кои 72 деца од улица се реинтегрираа во општеството
  • 100 жени од руралните средини да добијат одржливо решение за продажба на нивните производи; 
  • Беше пристапено кон 32 бизниси на кои им беше овозможено да поддржат граѓански организации како начин за исполнување на нивните стратегии за општествена одговорност; 
  • Беа предложени 12 идеи за донирање во граѓанските организации. 

Иако сме на самиот почеток, континуираното вклучување на сè повеќе чинители и зајакнувањето на меѓусекторската соработка ни даваат верба дека сме на на добар пат.

Запознајте се со инспиративните приказни кои се резултат на иницијативите, на успешната вклученост на различните чинители и меѓусекторската соработка, како и трансформативната улога која ја имаат во животите на ранливите групи. Најважно, приказните на луѓето чии сведоштва се најсилна потврда за напредокот и промените кои ги носи реализацијата на целите за одржлив развој, под мотото: „Да не заборавиме никого“