За Германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ
Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) е активно во Северна Македонија уште од 1992 година. Развојните активности на ГИЗ во Северна Македонија се посветени на поддржување на реформските процеси на Северна Македонија за пристапување кон Европската Унија преку широк спектар на проекти и иновативни пристапи кои се во согласност со Агендата 2030. Проектите се развиваат и спроведуваат заедно со националните партнери од владата, граѓанскиот и бизнис секторот.
ГИЗ главно работи по налог на Германското сојузно министерство за економска соработка и развој.
Во моментот развојните активности на ГИЗ во Северна Македонија ги покриваат следните области:
(1) Добро владеење и демократија
(2) Животна средина и климатски промени
(3) Економски развој и вработување.
Како давател на услуги во полето на меѓународната соработка за одржлив развој, ГИЗ е посветен кон создавање на иднина вредна за живеење во светот.
Посветеноста на ГИЗ кон Агендата 2030 и Целите за одржлив развој (ЦОР)
Имплементацијата на Агендата 2030 е високо на листата на приоритети на ГИЗ. За таа цел глобалните програми и проекти на ГИЗ спроведуваат мерки кои имаат за цел да го поддржат постигнувањето на целите. На барање на Владата на Северна Република Македонија и воедно за поддршка на понатамошните напори на Владата во оваа насока, ГИЗ го иницираше проектот Регионално учење за имплементација на Агендата 2030 во Југоисточна Европа Проектот се спроведувше во периодот 2021-2022 година. Конкретно, во рамките на овој проект општините добија сет од алатки Toolbox кој е развиен врз основа на Прирачникот „Агенда 2030 во мојата општина“. [KVGM1] Беа спроведени и работилници кои им овозможија на општините да ги идентификуваат приоритетните развојни цели во нивните локални заедници.
Во соработка со Здружението КОНЕКТ, се поддржаа и спроведоа низа проекти засновани на партнерство помеѓу невладиниот и приватниот сектор. За повеќе информации посетете ги линковите „Приказни и Ресурси“.

