13

Акција за справување со климатските промени

Со итни мерки и граѓанска акција до смалени ефекти на климатските промени!

Колку за потсетување, емисијата на CO2 е највисока во последните 2 милиона години, додека последнава декада е најтоплата во последните 125.000 години!

Единствено со заедничко залагање и итна акција во која ќе се применат мерките против климатските промени од страна на буквално сите земји, граѓани, институции и организации може да се погрижиме за да ги намалиме негативните ефекти.

13.1. ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ОТПОРНОСТА И КАПАЦИТЕТОТ КОН ОПАСНОСТИ ПОВРЗАНИ СО ПРИРОДНИ КАТАСТРОФИ

Да се зајакне отпорноста и капацитетот за приспособување кон опасности поврзани со климата и со природните катастрофи во сите земји

13.2. ИНТЕГРИРАЊЕ МЕРКИ ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ ВО НАЦИОНАЛНИТЕ ПОЛИТИКИ

Да се интегрираат мерки за климатски промени во националните политики, стратегии и планови

13.3. ПОДОБРО ОБРАЗОВАНИЕ, ДА СЕ ПОДИГНЕ СВЕСТА НА УБЛАЖУВАЊЕ НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

Да се подобри образованието, да се подигне свеста и човечките и институционалните капацитети за ублажување на климатските промени, за адаптација, за намалување на влијанието и рано предупредување

13.А. ДА СЕ СПРОВЕДЕ ОБВРСКАТА ПРЕВЗЕМЕНА ОД ОН КОНВЕНЦИЈАТА ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

Да се спроведе обврската преземена од страна на развиените земји потписнички на Рамковната конвенција за ОН за климатски промени, за заедничко мобилизирање 100 милијарди долари на годишно ниво од сите извори до 2020 година, со цел да се одговори на потребите на земјите во развој, во смисла на преземање значителни активности за ублажување и транспарентност во спроведувањето, и потполно и што е можно поскоро операционализирање на Климатскиот зелен фонд преку негова капитализација

13.Б. ПРОМОВИРАЊЕ МЕХАНИЗМИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ПЛАНИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ

Да се промовираат механизми за зголемување на капацитетите за ефикасно планирање и управување со климатските промени во најнеразвиените земји и во малите островски земји во развој, меѓу дугото и преку фокусирање врз жените, младите и локалните и маргинализираните заедници

* Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени претставува примарен меѓународен, меѓувладин форум за преговарање на глобалниот одговор кон климатските промени.