10

Намалена нееднаквост

Да ја намалиме нееднаквоста во и помеѓу државите!

Огромни, и по пандемијата уште попродлабочени се разликите во приходите на глобално ниво.

Како решение за надминување на овие сериозни разлики се солидарноста, и максималниот ангажман и вклученоста на сите луѓе во одржливиот развој. Еднаквоста во можностите за образование и вклученост и поголемото влијание на земјите во развој се начин како да се намали нееднаквоста.

10.1. НАМАЛУВАЊЕ НА НЕЕДНАКВОСТА НА ПРИХОДИТЕ

До 2030 година прогресивно да се постигне и да се одржува растот на приходите на најсиромашните 40 проценти од населението, кои ќе имаат повисока стапка на раст од националниот просек.

10.2. УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНАТА ЕКОНОМСКАТА И ПОЛИТИЧКА ИНКЛУЗИЈА

До 2030 година да се зајакне и да се унапреди социјалната, економската и политичката инклузија, без оглед на возраста, полоот, попреченоста, расата, етничката припадност, потеклото, религијата, економскиот или друг статус

10.3. ОСИГУРУВАЊЕ НА ЕДНАКВА МОЖНОСТ И ЕЛИМИНАЦИЈА НА ДИСКРИМИНАЦИЈА

Да се осигури еднаква можност и намалување на нееднаквоста во постигнувањата, вклучително и преку елиминирање на дискриминирачките закони, политики и практики и промовирање соодветна законска регулатива, политики и активности за оваа намена

10.4. УСВОЈУВАЊЕ НА ФИСКАЛНИ И СОЦИЈАЛНИ ПОЛИТИКИ КОИ ПРОМОВИРААТ РАМНОПРАВНОСТ

Да се усвојуват политики, особено фискални политики, политики за плати и социјална заштита, и постепено да се постигне поголема еднаквост

10.5. ПОДОБРУВАЊЕ НА РЕГУЛАТИВАТА И СЛЕДЕЊЕ НА ГЛОБАЛНИТЕ ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ

Да се подобри регулативата и следењето на глобалните финансиски пазари и институции и да се зајкне спроведувањето на таквите прописи

10.6. ЗГОЛЕМЕНА ЗАСТАПЕНОСТ НА ЗЕМЈИТЕ ВО РАЗВОЈ ВО ФИНАНСИСТКИТЕ ИНСТИТУЦИИ

Да се осигури зголемена застапеност и глас во процесот на донесувањето одлуки за земјите во развој, во глобалните меѓународни економски и финансиски институции со цел да се добијат поефективни, доверливи, отчетни и легитимни институции

10.7. ОДГОВОРНИ И ДОБРО ВОДЕНИ МИГРАЦИОНИ ПОЛИТИКИ

Да се овозможи уредна, безбедна, редовна и одговорна миграција и мобилност на луѓе, вклучително и преку спроведување на планираните и добро управувани миграциски политики

10.А. ПОСЕБЕН И РАЗЛИЧЕН ТРЕТМАН НА ЗЕМЈИТЕ ВО РАЗВОЈ

Спроведување на начелото за посебен и различен третман на земјите во развој, особено на најмалку развиените земји, во согласност со договорите на Светската трговска организација

10.Б. ПОТТИКНУВАЊЕ НА РАСВОЈНАТА ПОМОШ И ИНВЕСТИРАЊЕ ВО НАЈМАЛКУ РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ

Да се поттикне официјалната развојна помош и финансиски текови вклучувајќи и директни странски инвестиции во државите што имаат најголема потреба, особено во најмалку развиените земји, земјите од Африка, малите островски земји во развој и земјите во развој без излез на море, во согласност со нивните национални планови и програми

10.В. НАМАЛУВАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ДОЗНАКИ ОД МИГРАНТИ

До 2030 година да се намалат трансакциските трошоци за дознаки од мигранти на помалку од 3 проценти и да се елиминираат коридорите за дознаки со трошоци повисоки од 5 проценти