Одговорна потрошувачка и производство
Да се обезбеди одржлива потрошувачка и производство.
Кои се чекорите кои можеме да ги преземеме? Со рециклирање и управување со комуналниот отпад и хемикалиите да ја заштитиме животната средина, а со тоа и се продолжува можноста за користење на ресурсите од природата. Тоа би значело создавање нови работни места, економски раст и смалување на нееднаквостите во локалните заедници.
12.1. СПРОВЕДУВАЊЕ НА 10-ГОДИШНИТЕ РАМКИ ЗА ОДРЖЛИВА ПОТРОШУВАЧКА И ПРОИСВОДСТВО
Да се спроведат 10-годишните програмски рамки за одржлива потрошувачка и производство така што сите земји ќе преземат акции, развиените земји ќе бидат лидери, а притоа ќе ги земат предвид развојот и капацитетите на земјите во развој
12.2. СПРОВЕДУВАЊЕ НА 10-ГОДИШНИТЕ МЕРКИ ЗА ОДРЖЛИВА ПОТРОШУВАЧКА И ПРОИЗВОДСТВО
До 2030 година да се постигне одржливо управување и ефикасно користење на природните ресурси
12.3. СПРОВЕДУВАЊЕ НА 10-ГОДИШНИТЕ РАМКИ ЗА ОДРЖЛИВА ПОТРОШУВАЧКА И ПРОИЗВОДСТВО
До 2030 година да се преполови отпадот од храна по глава на жител на глобално ниво во малопродажбата како и на ниво на потрошувачи, и да се намали загубата на храна во текот на производството и синџирот на снабдување, вклучително и на загубите по бербата
12.4. СПРОВЕДУВАЊЕ НА 10-ГОДИШНИТЕ РАМКИ ЗА ОДРЖЛИВА ПОТРОШУВАЧКА И ПРОИЗВОДСТВО
До 2020 година да се постигне здраво и еколошко управување со хемикалии и со сите видови отпад во текот на нивниот животен циклус а во согласност со договорените меѓународни рамки, и значително да се намали нивното ослободување во восдухот, водата и почвата со цел да се минимизираат нивните влијанија врз здравјето на луѓето и врз животната средина
12.5. СПРОВЕДУВАЊЕ НА 10-ГОДИШНИТЕ РАМКИ ЗА ОДРЖЛИВА ПОТРОШУВАЧКА И ПРОИЗВОДСТВО
До 2030 година да се намали создавањето отпад преку спречување, намалување, рециклирање и повторна употреба
12.6. СПРОВЕДУВАЊЕ НА 10-ГОДИШНИТЕ РАМКИ ЗА ОДРЖЛИВА ПОТРОШУВАЧКА И ПРОИЗВОДСТВО
Поттикнување на претпријатијата, особено на големите и меѓународните компании да усвојат одржливи практики и да интегрираат информации за одржливоста во својот циклус на известување
12.7. СПРОВЕДУВАЊЕ НА 10-ГОДИШНИТЕ РАМКИ ЗА ОДРЖЛИВА ПОТРОШУВАЧКА И ПРОИЗВОДСТВО
Да се промовираат практики за јавни набавки што се одржливи и во согласност со националните политики и приоритети
12.8. СПРОВЕДУВАЊЕ НА 10-ГОДИШНИТЕ РАМКИ ЗА ОДРЖЛИВА ПОТРОШУВАЧКА И ПРОИЗВОДСТВО
До 2030 година да се осигури дека луѓето насекаде имаат информации и зајакната свест за одржлив развој и животен стил во хармонија со природата
12.А. СПРОВЕДУВАЊЕ НА 10-ГОДИШНИТЕ РАМКИ ЗА ОДРЖЛИВА ПОТРОШУВАЧКА И ПРОИЗВОДСТВО
Да се поддржат земјите во развој да ги зајакнат своите научни и технолошки капацитети, со цел да се насочат кон одржливи модели на потрошувачка и производство
12.Б. СПРОВЕДУВАЊЕ НА 10-ГОДИШНИТЕ РАМКИ ЗА ОДРЖЛИВА ПОТРОШУВАЧКА И ПРОИЗВОДСТВО
Да се развијат и да се спроведат алатки за следење на одржливиот развој и влијанијата од одржливиот туризам којшто создава работни места и ја промовира локалната култура и производи
12.В. СПРОВЕДУВАЊЕ НА 10-ГОДИШНИТЕ РАМКИ ЗА ОДРЖЛИВА ПОТРОШУВАЧКА И ПРОИЗВОДСТВО
Да се рационализираат неефикасните субвенции за фосилни горива што поттикнуваат непотребна потрошувачка преку отстранување на пазарните нарушувања, во согласност со националните услови, вклучително и преку преструктуирање на оданочувањето и исфрлање од употреба на штетните субвенции, онаму каде што постојат, преку прикажување на нивните влијанија врз животната средина, земајќи ги целосно предвид специфичните потреби и услови на земјите во развој, со намалување на можните негативни влијанија врз нивниот развој на начин што ќе ги заштити сиромашните и загрозените заедници

