5

Родова еднаквост

Да ја подобриме родова еднаквост преку поддршка за еманципација на девојките и жените!

Иако родовата нееднаквост сè уште постои, сведоци сме на охрабрувачки податоци: сè повеќе девојчиња се школуваат, сè повеќе жени работат во висококвалификувани професии, се намалуваат разликата во платите. Што е добар исчекор и кажува дека сме на добар пат во постигнување родова еднаквост.

Во оваа цел се вклучени заложбите за искоренување на насилството, еднакви права на сопственост и надомест за сработеното, како и правото на одлучување за сопственото тело и правото на еднакво учество во донесување одлуки кои се дел од јавниот живот.

5.1. УКИНУВАЊЕ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА НА ЖЕНИ И ДЕВОЈЧИЊА

Да се укинат сите форми на дискриминација против жените и девојчињата, насекаде

5.2. ЕЛИМИНАЦИЈА НА СИТЕ ФОРМИ НА НАСИЛСТВО И ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА ЖЕНИ И ДЕВОЈЧИЊА

Да се елиминираат сите форми на насилство врз жени и девојчиња во јавната и во приватната сфера, вклучително и трговијата со луѓе, сексуална и друг вид експлоатација

5.3. ЕЛИМИНАЦИЈА НА ДЕТСКИ БРАКОВИ И ГЕНИТАЛНО ОСАКАТУВАЊЕ

Да се елиминираат сите штетни појави, како што се присилни бракови со деца, бракови во рана возраст и генитално осакатување на женската популација

5.4. ДА СЕ ВРЕДНУВА НЕПЛАТЕНАТА НЕГА, И ПРОМОЦИЈА ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

Да се признае и да се вреднува неплатената нега и домашната работа преку овозможување јавни услуги, инфраструктура и политики за социјална заштита и промоција на заедничка одговорност во рамките на домаќинствата и семејствата, соодветно на националните околности.

5.5. ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ ПОЛНО УЧЕСТВО ВО РАКОВОДЕЊЕ И ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ

Да се осигури целосно и ефективно учество на жените и еднакви можности за лидерство на сите нивоа при донесувањето одлуки во политичкиот, економскиот и во јавниот живот.

5.6. УНИВЕРЗАЛЕН ПРИСТАП ДО РЕПРОДУКТИВНОТО ЗДРАВЈЕ И ПРАВАТА

Да се осигури универзален пристап до правото за обезбедување на половото и на репродуктивното здравје, во согласност со Програмата за акција на Меѓународната конференција за население и развој и Пекиншката платформа за акција и документите кои се резултат на овие конференции.

5.А. ЕДНАКВО ПРАВО НА ЕКОНОМСКИ РЕСУРСИ, ВЛАСНИШТВО И ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ

Да се преземат реформи за еднаков пристап на жените до економски ресурси, како и пристап до земјиште и до други форми на сопственост, финансиски услуги, наследство и природни ресурси, во согласност со националните закони.

5.Б. ПРОМОЦИЈА ЗА ОСНАЖУВАЊЕ НА ЖЕНИТЕ ПРЕКУ ТЕХНОЛОГИЈАТА

Да се зголеми примената на технологии што обезбедуваат подобри услови, особено во информатичката и во комуникациската сфера со цел промовирање на еманципацијата на жените.

5.В. УСВОЈУВАЊЕ И ЗДРАВА ПОЛИТИКА И СПРОВОДЛИВО ЗАКОНОДАВСТВО ЗА РОДНА РАМНОПРАВНОСТ

Да се усвојат и да се подобрат здрави политики и акти за нивно спроведување со цел подобрување на родовата еднаквост и еманципација на сите жени и девојки, на сите нивоа.