1

Нема сиромаштија

Да ја искорениме сиромаштијата во која било форма!

Дали ќе дозволиме човечкиот потенцијал да биде заробен од сиромаштијата зависи од само од нас самите, од акцијата која ќе ја преземеме денес.

Што можеме да направиме? Да обезбедиме храна и чиста вода за секого, да ги искорениме болестите кои ја пустошат светската популација. Имаме знаење, ресурси и на добар пат сме да ѝ ставиме крај на сиромаштијата, да обезбедиме еднаква шанса за секого, шанса за квалитетен, исполнет живот!

1.1. ДА СЕ ИСКОРЕНИ ЕКСТРЕМНАТА СИРОМАШТИЈА

До 2030 година да се искорени екстремната сиромаштија на сите луѓе насекаде во светот, со која според тековните показатели се зафатени сите што живеат со помалку од 1,25 долари на ден

1.2. ДА СЕ СМАЛИ СИРОМАШТИЈА ЗА 50%

До 2030 година да се намали најмалку за половина бројот на мажи, жени и деца од сите возрасти што живеат во сиромаштија, во сите нејзини облици според националните дефиниции

1.3. ДА СЕ ПРИМЕНАТ СИСТЕМИТЕ НА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Да се спроведат соодветни национални системи и мерки за социјална заштита за сите, особено за најзагрозените, а заклучно со 2030 година да се постигне значителен опфат на сиромашните и на ранливите.

1.4. ЕДНАКВИ ПРАВА НА ЕКОНОМСКИТЕ РЕСУРСИ, ТЕХНОЛОГИЈА ....

До 2030 година да се осигури дека сите мажи и жени, особено сиромашните и ранливите, имаат еднакви права на економски ресурси како и пристап до основните услуги, управување и контрола над земјиштето и други форми на сопственост, наследство, природни ресурси, соодветна нова технологија и финансиски услуги, како и микрофинансирање

1.5. ОТПОРНОСТ НА ЕКСТРЕМНИ КЛИМАТСКИ, ЕКОНОМСКИ И ДРУШТВЕНИ НАСТАНИ

До 2030 година да се изгради систем што ќе обезбеди поголема отпорност на сиромашните и ранливите лица и ќе ја намали нивната изложеност и ранливост пред екстремни настани предизвикани од екстремни климатски појави и други економски, социјални и еколошки шокови и природни катастрофи

1.А. МОБИЛИЗАЦИЈА НА РЕСУРСИТЕ ЗА ПРОГРАМИТЕ И ПОЛИТИКИТЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА

Да се обезбеди значајна мобилизација на ресурси од различни извори, вклучително и преку зголемена развојна соработка со цел да се обезбедат соодветни и предвидливи средства за земјите во развој, особено за најмалку развиените земји, за реализација на програми и политики со кои ќе се стави крај на сиромаштијата во сите нејзини форми

1.Б. ЈАСНИ РАМКИ НА ПОЛИТИКА ЗАСНОВАНА НА БОРБА ПРОТИВ СИРОМАШТИЈАТА И РОДОВАТА СЕНЗИТИВНОСТ

Да се создаде прифатлива политичка рамка на национално, регионално и меѓународно ниво во полза на сиромашните и врз основа на родово сензитивни стратегии за развој, да се поттикнат забрзани инвестиции наменети за активности во врска со искоренувањето на сиромаштијата.