6

Чиста вода и санитарни услови

Да овозможиме чиста вода за пиење и подобри санитарни услови за сите!

Еден од главните животни ресурси, а сепак недостапен за повеќе од 40% од светското население!

Патото до целта подразбира постојано залагање за достапност до чиста и безбедна вода за пиење, со инвестирања во инфраструктура и обучување кадар за спроведување на новите прописи. Напоредно, потребна е сеопфатна заштита на шумите, планините, мочуриштата и реките, но и обезбедување на што порационално трошење на водата за пиење.

6.1. ПРИСТАП ДО БЕЗБЕДНА И ДОСТАПНА ВОДА

До 2030 година да се постигне универзален и еднаков пристап до безбедна и достапна вода за пиење за сите

6.2. КРАЈ НА ДЕФЕКАЦИЈАТА НА ОТВОРЕНО И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ХИГИЕНСКИ И САНИТАРНИ УСЛОВИ

До 2030 година да се обезбеди пристап до соодветни и еднакви хигиенски и санитарни услови за сите и да се стави крај на дефекацијата на отворено, со посебен осврт кон потребите на жените, девојчињата и ранливите лица

6.3.КВАЛИТЕТ НА ВОДАТА, ПРЕРАБОТКА НА ОТПАДНИ ВОДИ И БЕЗБЕДНА УПОТРЕБА

До 2030 година да се подобри квалитетот на водата преку намалување на загадувањето, спречување на нелегалното отстранување на отпадот и минимизирање на ослободувањето на опасни хемикалии и материјали, преполовување на учеството на непречистени отпадни води и значително зголемување на рециклирањето и на безбедната повторна употреба на глобално ниво

6.4. ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА НА КОРИСТЕЊЕ НА ВОДАТА И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА СНАБДУВАЊЕ СО СЛАТКА ВОДА

До 2030 година значително да се зголеми ефикасноста при употреба на водата во сите сектори и да се осигурат одржливи капацитети за зафаќање и резерви на слатка вода, за да се одговори на недостатокот на вода и значително да се намали бројот на луѓе што страдаат од недостиг на вода

6.5. СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИНТЕГРИРАНО УПРАВУВАЊЕ СО ВОДЕНИТЕ РЕСУРСИ

До 2030 година да се спроведе интегрирано управување со водните ресурси на сите нивоа, вклучително и прекугранична соработка, соодветно на потребите

6.6. ЗАШТИТА И ОБНОВА НА ВОДЕНО ПОВРЗАНИТЕ ЕКОСИСТЕМИ

До 2020 година да се заштитат и да се обноват екосистемите кои се поврзани со водите, меѓу кои и планините, шумите, мочуриштата, реките, подземните водни тела и езерата

6.A. ПРОШИРУВАЊЕ НА ПОДДРШКАТА НА ЗЕМЈИТЕ ВО РАЗВОЈ

До 2030 година да се прошири меѓународната соработка и поддршката за градење на капацитетите на земјите во развој, за активности и програми поврзани со водоснабдување и санитарни услови, меѓу кои и собирање вода, десалинизација, ефикасност на системите за водоснабдување, третман на отпадни води, рециклирање и технологии за повторна употреба

6.Б. ПОДДРШКА НА ЛОКАЛНИТЕ ЗАЕДНИЦИ ВО УПРАВУВАЊЕТО СО ВОДА И САНИТАРНИТЕ УСЛОВИ

Да се поддржи и да се зајакне учеството на локалните заедници при подобрување на управувањето со вода и санитарни услови