Одржливи градови и заедници
Да ги направиме градовите и населени места безбедни и одржливи!
Поголемиот дел од светот живее во градовите, миграцијата е постојана, но дали тие градови се економски стабилна или еколошки одговорна средина?
Оваа цел подразбира чекори кои водат до одржив развој со заштита на животната средина, урбано планирање со учеството на граѓаните во одлуките, подобрување на јавниот превоз и примена на енергетски ефикасни и еколошки мерки, како и останати цели кои ќе направат од градовите и населените места безбедни и отпорни места за живеења.
11.1. БЕЗБЕДНО И ДОСТАПНО ДОМУВАЊЕ
До 2030 година да се осигури пристап за сите до соодветно, безбедно и достапно домување и основни услуги и надградба на сиромашните квартови
11.2. ПРИСТАП ДО БЕЗБЕДНИ, ПРИСТАПНИ, ДОСТАПНИ И ОДРЖЛИВИ ТРАНСПОРТНИ СИСТЕМИ
До 2030 година да се обезбеди пристап до безбедни, пристапни, достапни и одржливи транспортни системи за сите, да се подобри безбедноста на патиштата особено преку проширување на јавниот превоз, со посебно внимание на потребите на ранливите лица, женните, децата, лицата со попреченост и постарите лица
11.3. ИНКЛУЗИВНАТА И ОДРЖЛИВА УРБАНИЗАЦИЈА
До 2030 година да се подобри инклузивната и одржлива урбанизација и капацитетот за партиципаторно, интегрирано и одржливо планирање и управување со населените места во сите земји
11.4. ЗАШТИТА И ЗАЧУВУВАЊЕ НА СВЕТСКОТО КУЛТУРНО И ПРИРОДНО НАСЛЕДСТВО
Да се зајакнат напорите за заштита и зачувување на светското културно и природно наследство
11.5. ДА СЕ СМАЛАТ ШТЕТНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД ПРИРОДНИТЕ КАТАСТРОФИ
До 2030 година значително да се намали бројот на смртни случаи и бројот на загрозени луѓе и значително да се намалат директните економски загуби во однос на глобалниот бруто домашен производ предизвикани од катастрофи, влучувајќи и катастрофи поврзани со вода, со фокус на заштита на сиромашните и на луќето во ранливи состојби
11.6. ДА СЕ НАМАЛИ НЕГАТИВНОТО ВЛИЈАНИЕ НА ГРАДОВИТЕ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
До 2030 година да се намали негативното овлијание врз животната средина по глава на жител од градовите, меѓу другото и со обрнување посебно внимание на квалитетот на воздухот и на управувањето со комуналниот и со другите видови отпад
11.7. ПРИСТАП ДО БЕЗБЕДНИ, ИНКЛУЗИВНИ И ДОСТАПНИ ЗЕЛЕНИ И ЈАВНИ ПОВРШИНИ
До 2030 година да се обезбеди универзален пристап до безбедни, инклузивни и достапни зелени и јавни површини, особено за жените и децата, за постарите лица и за лицата со попреченост
11.А. ЗАЈАКНУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНОТО И РЕГИОНАЛНОТО РАЗВОЈНО ПЛАНИРАЊЕ
Да се поддржат позитивни економски, социјални и еколошки врски помеѓу градските, приградските и руралните средини преку зајакнување на националното и регионалното развојно планирање
11.Б. СПРОВЕДУВААТ ПОЛИТИКИ ЗА ИНКЛУЗИЈА, ЕФИКАСНОСТ НА РЕСУРСИТЕ, ОТПОРНОСТ НА КАТАСТРОФИ
До 2020 година значително да се зголеми бројот на градови и населби што ќе донесуваат и спроведуваат интегрирани политики и планови чијашто цел е инклузија, ефикасност на ресурсите, ублажување и приспособување кон климатските промени, отпорност на катастрофи, како и да се развива и да се споредува холистичко управување со ризикот од катастрофи на сите нивоа, во согласност со Рамката од Сендај (2015-2030) за намалување на ризикот од катастрофи
11.В. ПОДДРШКА ЗА НАЈМАЛКУ РАЗВИЕНИТЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ОДРЖЛИВИ И ОТПОРНИ ОБЈЕКТИ
Да се обезбеди поддршка за најмалку развиените земји преку финансиска и техничка помош за градење одржливи и приспособливи објекти од локални материјали

