Нула глад
Да се погрижиме никој повеќе да не гладува!
Гладта и неисхранетоста се резултат на лоша материјална состојба во која се наоѓа скоро половина од светската популација, но и поради недостапноста на квалитетна храна и едукација за квалитетна исхрана.
Целта е да нема гладување, преку тоа што ќе се подобрува достапноста на квалитетна храна за сите, во исто време унапредувајќи го одржливото земјоделство преку подобрување на условите и животот на земјоделците.
2.1. УНИВЕРЗАЛЕН ПРИСТАП ДО БЕЗБЕДНА НУТРИТИВНА И ДОВОЛНА ИСХРАНА
До 2030 година да се стави крај на гладувањето и да се обезбеди пристап на сите луѓе до доволни количини безбедна и здрава храна, особено за сиромашните и ранливите категории лица, вклучително и за бебињата во текот на целата година
2.2. СТАВАЊЕ НА КРАЈ НА СИТЕ ФОРМИ НА НЕИСХРАНЕТОСТ
До 2030 година да се стави крај на сите форми на неисхранетост, а до 2025 година да се постигнат меѓународно договорените цели за спречување на заостанувањето во телесниот развој кај деца до 5-годишна возраст, како и да се решаваат потребите за исхрана на девојките адолесценти, бремените жени, доилките и постарите лица
2.3. ДВОЈНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО
До 2030 година двојно да се зголемат земјоделското производство и приходите на малите производители на храна, особено на жените, домородните народи, земјоделските семејства, сточарите и рибарите, преку безбеден и еднаков пристап до земјиште, други продуктивни ресурси и суровини, знаење, финансиски услуги, пазари и можности за зголемување на вредноста и други неземјоделски облици на вработувањe
2.4. ОДРЖЛИВИ СИСТЕМИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА
До 2030 година да се обезбедат одржливи системи за производство на храна и да се спрове-дат отпорни земјоделски практики кои ги зголемуваат продуктивноста и производството, помагаат да се одржат екосистемите, да се зајакне капацитетот за адаптација кон климатските промени, екстремните временски услови, сушите, поплавите и другите природни катастрофи, како и да се осигури постепено облагородување на земјиштето и на квалитетот на почвите
2.5. ОДРЖЛИВИ СИСТЕМИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА
До 2020 година да се одржи генетската разновидност на семињата, на култивираните растенија, како и на одгледуваните домашни животни и нивните сродни диви видови, преку соодветно управување со банките за чување разновидни семиња и растенија на национално, регионално и меѓународно ниво, како и со промовирање пристап до фер и рамноправна распределба на придобивките што произлегуваат од користењето на генетските ресурси и придружните традиционални знаења што се меѓународно договорени
2.A. ОДРЖЛИВИ СИСТЕМИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА
Да се зголемат инвестициите, меѓу другото и преку засилена меѓународна соработка во руралната инфраструктура и во земјоделските истражувања и услугите за помош на земјоделците, технолошкиот развој и подобрување на банките за растителен и за добиточен генетски материјал, со цел да се зголеми капацитетот за земјоделско производство во земјите во развој, а особено во најмалку развиените земји
2.Б. ОДРЖЛИВИ СИСТЕМИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА
Да се поправат и да се спречат какви било трговски рестрикции и искривувања на светскиот земјоделски пазар, меѓу другото и преку паралелно елиминирање на сите форми на извозни земјоделски субвенции и други извозни мерки со ист ефект, во согласност со мандатот на Развојната агенда од Доха
2.В. ОДРЖЛИВИ СИСТЕМИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА
Да се усвојат мерки за обезбедување правилно функционирање на пазарот на храна и нејзините деривати, како и да се олесни навремениот пристап до информации за пазарот, вклучително и за резервите на храна, со цел да се спречи екстремната нестабилност на цените за храна

