14

Живот под вода

Да ги заштитиме и одржливо користиме океаните, морињата и морските ресурси!

Океаните се навистина нешто импозантно. Покрај тоа што нè восхитува нивната огромна природна моќ, тие покриваат 70 % од површината на планетата, а ни даваат и 70 % од кислородот што го дишеме.

Причини за тоа колку е важно да се заштитат и одржливо да се користат океаните, морињата и морските ресурси се загадувањето, непрочистувањето на отпадните води и постојаното загрозување на биодиверзитетот на водните ресурси.

14.1. НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕ НА МОРИЊАТА

До 2025 година да се спречи и значително да се намали секакво загадување на морињата особено од копнените активности, вклучително и од морскиот отпад и загадувањето со нутриенти

14.2. ЗАШТИТА И ОБНОВА НА ЕКОСИСТЕМИТЕ

До 2020 година одржливо да се управува со морските и крајбрежни екосистеми и да се заштитат за да се избегнат значителни негативни влијанија меѓу другото и преку зајакнување на нивната отпорност, како и да се преземат акции за нивно обновување, со цел да се обезбедат здрави и продуктивни океани

14.3. НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАКИСЕЛУВАЊЕТО НА ОКЕАНИТЕ

Да се минимизираат ефектите од закиселувањето на океаните и да се бара решение за нив, меѓу другото и преку напредна соработка на сите нивоа

14.4. РЕГУЛИРА КОРИСТЕЊЕТО ПЛОДОВИ ОД МОРИЊА

До 2020 година ефективно да се регулира користењето плодови од морињата и да се запре прекумерниот риболов, непријавеност и нелегален риболов и деструктивните риболовни практики и да се споведуваат научно базирани планови за управување, заради обновување на рибниот фонд во најкраток можен рок, барем до ниво што може да произведе максимално одржлив принос определен од биолошките карактеристики

14.5. ЗАЧУВУВАЊЕ НА КРАЈБРЕЖНИТЕ И МОРСКИ ОБЛАСТИ

До 2020 година да се заштитат барем 10 проценти од крајбрежните и од морските подрачја во согласност со националните и меѓународните закони и врз основа на најдобрите достапни научни информации

14.6. ЗАБРАНА НА РИБОЛОВНИ СУБВЕНЦИИ ШТО ПРИДОНЕСУВААТ ЗА ПРЕКУМЕРЕН РИБОЛОВ

До 2020 година да се забранат одредени форми на риболовни субвенции што придонесуваат за прекумерен риболов, да се укинат субвенциите што придонесуваат за незаконски, непријавен и нелегален риболов и да не се воведуваат нови субвенции, препознавајќи дека соодветниот и ефективниот посебен и поинаков третман за земјите во развој и за најмалку развиените земји треба да биде составен дел од преговорите на Светската трговска организација за риболовни субвенции

14.7. ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИТЕ ПРИДОБИВКИ ОД ОДРЖЛИВО КОРИСТЕЊЕ НА МОРСКИТЕ РЕСУРСИ

До 2030 година да се зголемат економските придобивки од одржливо користење на морските ресурси за малите островски земји во развој и најмалку развиените земји, вклучително и преку одржливо управување со рибарството, аквакултурата и туризмот

14.А. ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА НАУЧНИТЕ ЗНАЕЊА, ИСТРАЖУВАЊЕ И ИТЕХНОЛОГИЈА СО ЦЕЛ ЗДРАВИ ОКЕАНИ

Да се зголемат научните знаења, развивање на капацитетите за истражување и трансфер на морските технологии, земајќи ги предвид критериумите на Меќувладината океанографска комисија и Упатството за трансфер на морска технологија, со цел да се подобри квалитетот на океаните и да се зголеми учеството на морскиот биодиверзитет во развојот на земјите во развој, особено на малите земји во развој и најмалку развиените земји

14.Б. ПОДДРШКА НА МАЛИТЕ РИБАРИ

Да се обезбеди пристап до морските ресурси и пазари за малите професионални рибари

14.В. ДА СЕ ПРИМЕНАТ МЕЃУНАРОДНИТЕ ЗАКОНИ ЗА МОРИЊАТА

Да се подобри заштитата и одржливото користење на океаните и на нивните ресурси преку примена на меѓународното право, како што е наведено во Конвенцијата за ОН за поморските закони (UNCLOS), која обезбедува правна рамка за заштита и одржливо користење на океаните и нивните ресурси, во согласност со наведеното во став 158 - Иднината што ја сакаме