ЗЕЛС е непрофитна организација и единствена национална асоцијација која ги претставува сите 80 општини и Градот Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа. Основан е на 26 април 1972 година. ЗЕЛС ги застапува позициите и интересите на единиците на локалната самоуправа пред централната власт. ЗЕЛС успешно се залага за законски решенија во интерес на општините, особено преку иницијативата за формирање на Комисија за локална самоуправа во Собранието. ЗЕЛС дава значаен придонес во процесот на децентрализација, а со тоа активно придонесува во процесот на пристапување во ЕУ. Преку обезбедување на континуирано градење капацитети на општините за областите под нивна надлежност, ЗЕЛС го поддржува развојот на локалната демократија во земјата.

Агенда 2030 и принципот „Никој да не биде изоставен“

ЗЕЛС има искуство во промовирање на Агендата 2030 и принципот „Никој да не биде изоставен“ пред локаните власти.Дополнително, ЗЕЛС обезбеди стручна поддршка на општините во спроведувањето на методологијата за социјално мапирање со цел да се соберат разделени податоци,  да се истражи лишеноста на ранливите групи и да се подобрат политиките за социјално вклучување засновани на докази. Клучните препораки од социјалното мапирање и принципот „Никој да не биде изоставен“ сега се интегрирани во општинските програми, како и во општинските стратегии за развој на социјалната заштита.

Доколку некоја општина е заинтересирана да дознае повеќе за Целите за одржлив развој и Агенда 2030, користејќи ја методологијата за социјално мапирање и интегрирајќи го принципот„Никој да не биде изоставен“ во локалните политики, ве молиме контактирајте ја  Заедницата  на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија – ЗЕЛС на contact@zels.org.mk