Глобал Шејперс Скопје Хаб Скопје

Не сите млади во македонското општество имаат пристап до квалитетно (не)формално образование за финансиска писменост, која претставува разбирање на финансиските концепти, финансиските ризици, како и поседување на вештини, мотивација и самодоверба за примена на ова знаење во пракса. Носењето ефективни одлуки и разбирањето на финансиските концепти се важни како за унапредувањето на финансиската благосостојба  на поединците, така и за унапредување на општествено-економскиот развој. 

Само финансиски писмени и едуцирани граѓани можат да донесат исправни одлуки

кои непосредно влијаат на нивните животи и целокупната економија.

Во соработка со Народната банка на Република Северна Македонија беа организирани обуки за обучувачи, како дел од подготовките и процесот на имплементација на Националната стратегија за финансиска едукација и инклузија 2021 – 2025. 

Во соработка со ГИЗ и Конект, Глобал Шејперс Скопје Хаб Скопје оддржа „Летна школа за финансиска писменост“ на која млади луѓе се стекнаа основно и напредно ниво на финансиска писменост, спроведено од искусни професионалци во различни области. 

Во две недели беа оддржани обуки за за финансиска писменост основно и напредно ниво за 217 млади луѓе (129 за основно ниво / 88 за напредно ниво) од повеќе од 30 различни населени места во државата и надвор од неа. Суштинската разлика е што во овие обуки беа опфатени теми кои не се покриени со формалното образование. 

Дополнително, се одржа обука за основите на финансиската писменост за младите од СОС Детско село каде 20 млади активно се вклучија во обуката.

Како дел од оваа инцијатива произлезе и публикацијата „Водич за финансиска писменост“ (линк до пдф со публикацијата), издаден со поддршка и како резултат на партнерството на ГИЗ и Конект. 

Од особена важност е промовирањето на потребата за проширување на образовните програми со финансиска писменост, со што би се зголемил квалитетот на образованието. Ефектот на иницијативата се огледува и во фактот што Министерството за образование и наука работи на вклучување на финансиската писменост како опционална настава за одредени средни училишта во државата.

Покрај тоа, трансформативната улога која ја игра иницијативата е зголемувањето на финансиската писменост кај младите, кое пак помогна во градењето на нивните капацитети и вештини за справување со финансиската ситуација и управувањето со сопствените ресурси. Ваквиот тип едукација и вмрежување носат не само знаење, туку и понатаму широка примена, како и подобри можности за професионален ангажман. 

Таргетирани цели: 

„Инвестирањето во себе е инвестирање во иднината која следува!“

  • Сања Велкаков, учесничка во „Летната школа за финансиска писменост“ 

Сања Велкакова од Струмица има 22 години, само што дипломирана, се соочувала со потешкотии во планирањето на своите финансии и ѝ недостасувало вмрежувањето со лица и нејзини врсници кои успешно го прават тоа. Затоа, таа се пријави на Летната школа за финансиска писменост.

„Летната школа за финансиска писменост ми овозможи да се стекнам со понапредно ниво на финансиска писменост и да навлезам во светот на финансиите. За време на истата се

запознав со работодавачи и искусни професионалци и многу се радувам што се стекнав со

овие вештини во момент кога ги заработувам првите парични средства. Сакам да го пренесам ова што го научив и со моите пријатели кои искрено имаат голема потреба од финансиска едукација. 

Како резултат на ова поврзување со професионални компании, компанијата Едулактика од Скопје ѝ понуди практиканство.