ЗЕЛС во партнерство со КОНЕКТ поддржани од ГИЗ преку јавен повик испрати покана до сите општини во земјава, од кои беа избрани 4 општини за учество во серија работилници на кои беше промовирана Агендата 2030 и општо Целите за одржлив развој. Претставниците на општините, граѓанскиот сектор, државни институции, советниците од општинските совети заеднички, користејќи пакет алатки развиени од ГИЗ кои преку низа обуки спроведени од Конект помогнаа во дефинирањето на конкретни цели кои се приоритетни за секоја од општините.
Откако беше заклучена потребата од лоцирање на најзагрозените социјално ранливи групи во општите, ЗЕЛС повторно преку јавен повик ги покани општините да се вклучат во социјално мапирање, кое ја мери исклученоста на ранливи групи врз основа на 5 ризик фактори. ГИЗ понуди методологија за зајакнување на капацитетите на одредени граѓански организации и консултантски компании, по што се спроведе теренско социјално мапирање, кое доведе до заклучоци и препораки за конкретните ранливи групи.
Како се развиваше приказната…
Општина Битола во координација со повеќе чинители спроведе социјално мапирање на целната група која ги опфаќа лицата со физичка, интелектуална и останати попречености. Од социјалното мапирање произлезе извештај кој беше презентиран пред претставници од Општина Битола, претставници на институции и граѓански здруженија, како и Советот за социјална заштита во кој членуваат претставници на Советот на Општина Битола, претставници на општината, здруженија на граѓани, институции, верски институции, како и надворешни лица кои се директно вклучени и запознаени. Извештајот беше презентиран пред сите овие чинители за сите заедно да придонесат во креирањето политиките и мерките, како и работата на институциите во кои тие работат.
Трансформативната улога на иницијативите спроведени од Општина Битола е во локална смисла. Податоците од социјалните мапирања овозможија да се направи проценка на недостатоците во политиките и практиките на локално ниво, но и понатаму за спроведување активности кои ќе придонесат за справување со социјално ранливости и исклученоста на лицата со попреченост согласно потребите на конкретни типови попреченост, за да се креираат мерки, планови и политики согласно тие конкретни потреби.
Ефектот е веќе постигнат со самиот факт дека дел од наодите се искористени за ревизија и усогласување на стратешките документи на општината со Агендата 2030 и принципот „Да не заборавиме никого“. Дел од овие наоди се веќе вклучени во програмите за социјална заштита и се веќе реализирани, а дел од тие наоди се вклучени во други програми со што е постигнато сензивитизирање за потребите на лицата со попреченост во сите програми на Општината.
Уште една придобивка од социјалното мапирање е воспоставувањето на канали на комуникација за размена на информации, така што сега Општината квартално добива податоци за лицата со попреченост кои користат одредени типови помош.
Таргетирани цели:
Промените допрва ќе се случуваат, но, на добар пат сме.
Инспиративни приказни
Трансформативната улога на оваа иницијатива е интегрирањето на препораките од социјалните мапирања во годишните програми за социјална заштита. Каков што е примерот со Општина Битола, која отиде и чекор понатаму – направи ревизија на сегашниот план, креираше мерки, доделија буџет и ги реализираа истите, а со тоа го надополнија на социјалниот план на Општината кој е стратешки повеќегодишен план, што значи подолгорочна стратегија за социјална инклузија на ранливите групи.
Заокружување на оваа приказна е дека од 2022 во Општина Битола преку Здружение на лица со проблеми со слухот вклучи и лице толкувач на знаковен јазик, кое е вклучено во работните обврски на општината.

