Побезбедни и посигурни во време на пандемијата Дневниот центар во Шуто Оризари

Достапноста до квалитетно образование има силно влијание на квалитетот на животот на секој поединец и води кон надминувањето на нееднаквостите.

Заедницата во Шуто Оризари беше посебно погодена од Ковид пандемијата, ситуацијата значително го отежни и пристапот до здравствена заштита за социјално загрозените семејства и маргинализираните групи и заедници во оваа населба. 

Иницијативата започнува со формирање контакт точки, активност која подразбира теренска работа на тимот, посета на 38 семејства, едукација, упатување, потреби за да се заштити нивното здравје, како и да се спречи ширењето на пандемијата преку едукација и промовирање на здрави хигиенски навики и здрава исхрана. 

Потребна беше итна акција и поддршка – беа креирани информативни и промотивни материјали со кои се промовираше работата и активностите на центарот, за да се иницира креирање нови партнерства и продлабочување на постојните, веќе реализирани. Тоа резултираше со поддршка од партнери во бизнис заедницата кои го поддржаа „Дневниот центар за деца на улица“ со здрави продукти, витамини и средства за хигиена. 

Преку низа консултации и менторски сесии, центарот креираше пристап до компании за иницирање, организирање и одржување контакт со компаниите, а во насока на поттикнување на одржливоста на самиот центар. Тоа резултираше со поддршка од компанија која редовно донираше во центарот со поддршка со потребни продукти за децата и нивните семејства.  

Како изгледа еден ден во „Дневниот центар за деца на улица“… 

Децата кои се лоцирани како питачи или собирачи на отпад се згрижувани и секојдневно го посетуваат „Дневниот центар за деца на улица“. Тимот на центарот се грижи за тие да добијат комплетна грижа: храна, основна лична хигиена, вклучување во дневните активности на учење и описменување, слободни активности, во убава, топла атмосфера, каде децата се развива социо-емоционално, воедно и стекнуваат здрави навики преку поттикнување на навиките за одржување хигиена. Нешто што е потребно за секое дете да се развива и да ги има сите еднакви можности за раст и развој како своите врсници. 

Како резултат на иницијативата 72 деца на возраст од 4 до 15 години научија како преку стекнување на правилни навики, можат самите да го заштитат своето здравје и како можат да го остварат своето право на здравствено осигурување. Целта опфати 100 семејства, но ефектот е многу поголем, затоа што самата инцијатива игра силна трансформативна улога во животот на децата и семејствата: поголемиот дел од децата во „Дневниот центар за деца на улица“ имаат завршено училиште, го имаат препознаено потенцијалот во себе и полни самодоверба чекорат понатаму сигурно во животот, согласно своите желби и планови.

Таргетирани цели:

Инспиративни приказни 

Назим Мустафа беше дете на улица до евидентирањето од страна на стручниот тим на Детскиот центар за деца на улица кое своите потреби ги обезбедува преку питачење и собирање од отпад, без здравствено осигурување затоа што не бил заведен во матичната книга на родените и е без право на парична помош.

Назим како и секое дете на негова возраст има потреба од стекнување на културно – хигиенски, работни навики, социјализација и воспитување. По приемот во Центарот, тој се запишува во прво одделение со обезбедување на целосната потребна документација. Покрај тоа што нема здравствено осигурување, му беа обезбедени бесплатен стоматолошки и офталмолошки преглед, а во соработка со докторот од Поликлиника Шуто Оризари од одделението за имунизација на деца, на Назим му беше отворен вакцинален картон и ги прими соодветните вакцини. Со време и со интензивна посветена работа, Назим стекна навики за одржување на личната хигиена, со поголема свест за грижа за своето здравје, применување и стекнување навика за носење маска, дезинфицирање на раце и држење растојание како заштита од Ковид- 19, редовна посета на Дневниот центар и училиштето и оттргнување од улица и питачење. За семејството е исто така обезбедена и поддршка преку упатување до надлежните институции за влез на Назим во системот на социјална, правна и здравствена заштита.

Мина, едно од децата во ДЦДУ го отвори срцето и на писателката Катерина Шошко која нејзината исповед ја преточи во приказна која е сведоштво за растењето и големото значење на „Дневниот центар за деца на улица“ во животот на самата неа. 

„Сега со дваесет и три години кога ќе погледнам назад сфаќам дека сум имала многу среќа. Завршив средно училиште и денес работам како продавачка и чесно си ја заработувам платата. Имам едно дете кое безмерно го сакам и го воспитувам да оди по вистинскиот пат. Дневниот центар за деца на улица е место кое ми го промени животот од корен и ме претвори во ова што сум денес – образувана, самостојна и независна млада жена.“

Приказната на Рамајана, која е уште едно од децата во центарот е уште едно сведоштво за промената и новата патека во нејзиниот живот. По завршување на средното училиште „Шаип Јусуф“ ја имаше поддршката од академската средина и од вклучените во иницијативата за таа да си ја оствари желбата – да биде студент на правни студии. Иако не успеа во својата намера, таа продолжи со работа во локален ресторан за брза храна, преставникот на приватниот бизнис сектор кој дава поддршка за локалната заедница. Плановите за нејзината иднина ја вклучуваат и можноста таа во иднина, доколку се отвори можност и место, надежно ќе му се приклучи на тимот на „Дневниот центар за деца на улица“, за да ја продолжи својата успешна приказна токму во центарот.