Достапна и чиста енергија
Да користиме достапна енергија од обновливи извори!
Подобрувањето на енергетската слика во светот може да се постигне со евтино и достапно снабдување со енергија, особено со онаа која се произведува од обновливи извори на енергија – вода, сонце, ветер, термални води, биогас и биомаси.
Заложбите за користење на обновливите извори на енергија се однесуваат и на вклучување на мали и средни претпријатија со што се отвораат нови работни места, се намалуваат загадувањето на животната средина и глобалното затоплување, се регулира и стабилизира цената на електричната енергија.
7.1. УНИВЕРЗАЛЕН ПРИСТАП ДО МОДЕРНИТЕ ЕНЕРГЕТСКИ ИЗВОРИ
До 2030 година да се осигури универзален пристап до достапни, сигурни и современи енергетски услуги
7.2. ЗГОЛЕМУВАЊЕ ГЛОБАЛНО НА ОБНОВЛИВИ ЕНЕРГИИ
До 2030 година значително да се зголеми уделот на обновливите извори на енергија во вкупната глобална понуда на енергија
7.3. ДВОЈНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СТАПКАТА НА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ
До 2030 година двојно да се зголеми глобалната стапка на подобрување на енергетската ефикасност
7.A. ПРОМОВИРАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО ИСТРАЖУВАЊЕ, ТЕХНОЛОГИИ И ИНВЕСТИЦИИ ВО ЧИСТА ЕНЕРГИЈА
До 2030 година да се подобри меѓународната соработка за олеснување на пристапот до истражувања и технологии за чиста енергија, вклучително и за обновливи извори на енергија, енергетската ефикасност и напредни и почисти технологии за фосилни горива, како и да се промовираат инвестициите во енергетската инфраструктура и технологиите за чиста енергија
7.Б. ПРОШИРУВАЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ УСЛУГИ ВО ЗЕМЈИТЕ ВО РАЗВОЈ
До 2030 година да се прошири инфраструктурата и да се надгради технологијата за снабдување со современи и одржливи енергетски услуги за сите во земјите во развој, особено во најмалку развиените земји, во малите островски земји во развој, во земјите во развој што немаат излез на море, во согласност со соодветните програми за поддршка

