КОЛКУ ЗНАЕТЕ ЗА ЦЕЛИТЕ НА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ?

НA ДОБАР ПАТ СМЕ! ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ ЗА СИТЕ

Луѓето, за луѓето !

Целиот свет се обединува, за сите заедно – влади, институции, граѓаните – за да создадеме иднина со мир и просперитет за сите.

Светските лидери во 2015та година зацртаа 17 глобални цели за одржлив развој, кои ќе ни бидат водилка за создавање на подобар свет до 2030та година.

Платформата „На добар пат сме! Одржлив развој за сите“ обединува најразлични чинители кои преку отворен општествен дијалог, активна вклученост на граѓаните, вмрежувањето со институциите од јавниот и приватниот сектор, како и бизнис заедницата, за да направиме исчекор и заедно да го трасираме патот за одрржлив развој за сите.

И најважно – LEAVE NO ONE BEHIND , еден од најважните принципи во целиот процес, силна порака која потсетува дека по патот на остварување на целите не смееме да ги заборавиме најранливите. И кога велиме најранливите, не се мисли само на начините како да допреме до најсиромашните, туку и до оние кои сè уште се дискриминирани, нееднаквоста во и помеѓу државите, како и корените на овие проблеми.

Оваа силна порака е во исто време и повик за освестување дека постојат групи кои сè уште се токму поради препреките во пристапот до услуги, ресурси и еднакви можности. И тие не се случајни, туку е резултат на дискриминаторски закони, политики и социјални практики кои треба да се менуваат.

Една заедничка цел кон која се стремиме е заедничка свесност за важноста од вклученоста и ктивното залагање на секој од нас.

Заедно чекориме, предводени од Leave No One Behind принципот.

Приказни

Инспиративни луѓе, создаваат инспиративни приказни!

Запознајте се со успешните приказни, различните проекти и активностите кои досега се реализирани како дел од Платформата.

Имаме искуство, имаме мрежа од партнери и граѓани кои активно се вклучуваат во остварувањето на Целите за одржлив развој. На добар пат сме.

17

ЦЕЛИ НА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

Предизвиците се големи, секојдневно се соочуваме со немаштија, глад, нееднаквост, климатски промени... суштински проблеми кои бараат итна акција и справување, за намалување на нивните поразителни ефекти и конечно, нивно целосно искоренување.

Затоа, светот обединето донесе акциски план кои преку промоција на партнерство, мир и благосостојна ќе резултира со одржлив развој за сите. 17те Цели за одржлив развој се водилки за 193те членки на Обединетите нации во креирањето политики и програми за искоренување на сиромаштијата, заштитата на планетата, и напредок и подобрување на животот на секого, акциски план зацртан со Агенда 2030, кој членките го вклучуваат во своите национални политики како дел од реализацијата на целите.

И, на добар пат сме. Целите ни даваат знаење и сила за да ставиме крај на сиромаштијата, да ги надминеме различните форми на нееднаквост, да ги сфатиме што побрзо и посериозно климатските промени.

Тие се патоказот по кој се водиме, и секојдневно правиме мали и големи чекори кон нивно остварување. Запознајте се детално со секоја од целите и активно вклучете се!