Партнерства за постигнување на целите
Да создаваме партнерства, за да ги оствариме целите!
Најважно е да се поврзуваме, да комуницираме и да споделуваме знаења, иновации и важни информации, за да осигураме постојан напредок за сите, без да наштетиме кому било.
Затоа што само заедно, со силна посветеност, силни локални, а понатаму и глобални партнерства може да веруваме во сигурно остварувањето на Целите за одржлив развој.
Финансии
17.1. МОБИЛИЗАЦИЈАТА НА ДОМАШНИТЕ РЕСУРСИ ЗА НАПЛАТА НА ДАНОЦИ И ДРУГИ ПРИХОДИ
Да се зајакне мобилизацијата на домашните ресурси, меѓу другото и преку меѓународна поддршка за земјите во развој со цел подобрување на домашните капацитети за наплата на даноци и други приходи
17.2. ДА ГИ ИСПОЛНАТ СВОИТЕ ОФИЦИЈАЛНИ ОБВРСКИ ЗА РАЗВОЈНА ПОМОШ
Развиените земји целосно да ги исполнат своите официјални обврски за развојна помош, вклучително и обврската на повеќето развиени земји за постигнување на таргетот за отстапување 0,7 проценти од нивниот бруто-домашен приход (БДП) како официјална развојна помош на земјите во развој и 0,15-0,20 проценти од БДП за најмалку развиените земји; давателите на официјална развојна помош се охрабруваат да размислат за поставување цел од најмалку 0,20 проценти од официјалната развојна помош која би се додеелувала на најмалку развиените земји
17.3. ДА СЕ МОБИЛИЗИРААТ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ОД ПОВЕЌЕ ИЗВОРИ ЗА ЗЕМЈИТЕ ВО РАЗВОЈ
Да се мобилизираат дополнителни финансиски средства од повеќе извори за земјите во развој
17.4. ПОМОШ НА ЗЕМЈИТЕ ВО РАЗВОЈ ДА ПОСТИГНАТ ОДРЖЛИВОСТ НА ДОЛГОРОЧНИОТ ДОЛГ
Да им се помогне на земјите во развој да постигнат одржливост на долгорочниот долг преку координирани политики насочени кон поттикнување финансирање, отпишување и преструктуирање на долгот, и доколку е потребно решавање на надворешниот долг на високозадолжените сиромашни земји
17.5. ИНВЕСТИРАЊЕТО ВО НАЈМАЛКУ РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ
Да се донесат и да се спроведат режими за промоција на инвестирањето во најмалку развиените земји
Технологија
17.6. СПОДЕЛУВАЊЕТО НА ЗНАЕЊА ПРИСТАП ДО НАУКА, ТЕХНОЛОГИЈА И ИНОВАЦИИ
Да се подобри соработката во насока север-југ,југ-југ и традиционална меѓународна соработка за подобрување на пристапот до наука, технологија и иновации, и да се подобри споделувањето на знаења под заеднички договорени услови, вклучително и преку подобрена координација меѓу постојаните механизми, особено на ниво на Обединетите нации и преку механизмот за олеснување на глобалната технологија
17.7. ПРОМОЦИЈА НА ОДРЖЛИВИ ТЕХНОЛОГИИ НА ЗЕМЈИТЕ ВО РАЗВОЈ
Да се унапреди развојот, преносот, дистрибуцијата и дифузијата на соодветни еколошки технологии во земјите во развој по поволни услови, вклучително и преку меѓународно договорени концесиски и повластени услови
17.8. ЗАЈАКНУВАЊЕ НАУЧНИ, ТЕХНОЛОШКИ И ИНДУСТРИСКИ КАПАЦИТЕТИ НА ЗЕМЈИТЕ ВО РАЗВОЈ
До 2017 година потполно да се опреционализира банката на технологии и на научни, техлонолошки и иновативни механизми за градење на капацитетите во најмалку развиените земји и да се зголеми употребата на овозможувачка технологија, особено на информатичката и комуникациската технологија
Градење капацитети
17.9. ПОДОБРУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА ПОДДРШКА ЗА ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ ВО ЗЕМЈИТЕ ВО РАЗВОЈ
Да се подобри меѓународната поддршка за спроведување ефективно и насочено градење капацитети во земјите во развој за поддршка на националните планови за спроведување на сите цели за одржлив расвој, вклучително и преку соработка север-југ, југ-југ и триаголна соработка
Трговија
17.10. ПРОМОВИРА УНИВЕРЗАЛЕН СИСТЕМ НА РАЗМЕНА ВО РАМКИТЕ НА СВЕТСКАТА ТРГОВСКА ОРГАНИЗАЦИЈА
Да се промовира универзален, заснован врз правила, отворен, недискриминирачки и правичен мултиатерален трговски систем во рамките на Светската трговска организација, меѓу другото и преку завршување на преговорите во рамките на Развојната агенда од Доха
17.11. ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ИЗВОЗОТ НА ЗЕМЈИТЕ ВО РАЗВОЈ
Значително да се зголеми извозот на земјите во развој, особено со цел до 2020 година двојно да се зголеми уделот на најмалку развиените земји во вкупниот глобален извоз
17.12. УКИНУВАЊЕ НА ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ ВО НАЈМАЛКУ РАЗВИЕНИ ЗЕМЈИ
Навремено да се спроведе пристап до пазари без давачки и квоти на долгорочна основа за сите најмалку развиени земји во согласност со одлуките на Свеетската трговска организација, вклучувајќи и повластени правила за убов со потекло од најмалку развиените земји кои ќе бидат транспарентни, едноставни и ќе придонесат за олеснет пристап до пазарот
Системски прашања
Политики и институционална кохерентност
17.13. ПОДОБРА ГЛОБАЛНА МАКРОЕКОНОМСКА СТАБИЛНОСТ
Да се подобри глобалната макроекономска стабилност, вклучително и преку координација и кохерентност на политиките
17.14. ДА СЕ ПОДОБРИ КОХЕРЕНТНОСТА НА ПОЛИТИКИТЕ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ
Да се подобри кохерентноста на политиките за одржлив развој
17.15. ДА СЕ ПОЧИТУВААТ НАЦИОНАЛНИТЕ РАКОВОДСТВА ЗА СПООРЕДУВАЊЕ ПОЛИТИКИ ЗА ИСКОРЕНУВАЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА И ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ
Да се почитува политичкиот простор и лидерството во секоја од земјите за воспоставување и спроведување политики за искоренување на сиромаштијата и одржлив развој
Партнерство од повеќе општествени чинители
17.16. ДА СЕ ЗАЈАКНЕ ГЛОБАЛНОТО ПАРТНЕРСТВО ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ
Да се зајакне Глобалното партнерство за одржлив развој надополнето со партнерства од повеќе читатели кои се мобилизираат и споделуваат знаења, експертиза, технологии и финансиски ресурси за поддршка и остварување на целитее за одржлив развој во сите земји, особено во земјите во развој
17.17. ПРОМОВИРААТ ЕФИКАСНИ ЈАВНИ, ЈАВНО-ПРИВАТНИ И ПАРТНЕРСТВА
Да се поттикнат и да се промовираат ефикасни јавни, јавно-приватни и партнерства со граѓанскиот сектор засновани врз искуства и партнерски стратегии за обезбедување ресурси
Податоци, следење и отчет
17.18. УНАПРЕДУВАЊЕ А ДОСТАПНОСТ НА ДОВЕРЛИВИ ПОДАТОЦИ
До 2020 да се зголеми поддршката за градење капацитети во земјите во развој, вклучително и во најмалку развиените земји и во малите островски земји во развој со цел значително да се зголеми достапноста на висококвалитетни, навремени и сигурни податоци расчленети врз основа на приход, пол, возраст, раса, етничка припадност, миграциски статус, попреченост, географска локација и други карактеристики што се релевантни во национален контекст
17.19. НАДГРАДБА НА ПОСТОЕЧКОТО МЕРЕЊЕ НА НАПРЕДОКОТ
До 2030 година да се надградат постојните иницијативи за развивање мерила за напредокот на одржливиот развој што го надополнува бруто домашниот производ, како и да се поддржи градењето на капацитетите за водењето статистика во земјите во развој

