Конект е непрофитна организација што од 2008 година го развива потенцијалот на нашата земја да расте потпирајќи се на локалните ресурси и капацитети. Со мисија да се стимулираат филантропијата и општествената одговорност, Конект работи на полето на ефективен и долгорочен развој. Организацијата е клучна алатка што ги поврзува различните сектори (бизнисите, граѓанските организации и институциите) за да работат партнерски и создаваат подобро општеството.
Целите за одржлив развој на ОН се важна платформа што Конект ја применува за да им помогне на своите корисници да ги реализираат нивните визии поврзани со промените што сакаат да ги видат во нивните заедници. Конект е специјализирана за креирање меѓу-секторски партнерства и овозможува: поддршка на претпријатијата за развој на општествено одговорно деловно делување и стратегиско инвестирање во заедницата; поддршка во процесот на градење долгорочни партнерства меѓу различни сектори (граѓанските организации, бизниси, институции и граѓаните); развој на паметна и внимателна индивидуална, семејна и корпоративна филантропија.

